Македонија Велиновска ја нарекува Могерини „фашисоросоидна шмизла“ и бара „шут-карта“

Велиновска ја нарекува Могерини „фашисоросоидна шмизла“ и бара „шут-карта“

Федерика Могерини, висок комесар за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, се очекува да пристигне во Македонија на почетокот на идниот месец на средба со државниот и политички врв на земјава, а во рамките на балканската турнеја.

Таа не е омилена во партијата и кај приврзаниците на Никола Груевски, а пред посетата ѝ се лепат навреди и квалификации кои далеку излегуваат од вообичаениот новинарски јазик и од создавање клима на добредојде.

Во три последователни новинарски текстови, провладината колумнистка Мирка Велиновска („Дневник“ 9, 16 и 23 февруари 2017 г.) Могерини ја нарекува „фашисоросоидна шмизла“ која „плапоти таму за неприкосновените индивидуални права кои биле светост во ЕУ, ама пошто е и соросоид, а по дифолт значи дека има испран мозок“, а денеска и oтворено порача: „… на Могериниева, Иванов и Груевски (оти на Поповски ич не се мисли) конечно треба да ѝ врачат шут карта со недвосмислена „недипломатска“ содржина: Сè додека не ги уважите Република Македонија, македонскиот народ, македонскиот јазик и култура, не доаѓајте овде “.