Македонија Величковски и Алтхаузер разговарале за актуелната политичка состојба во земјава

Величковски и Алтхаузер разговарале за актуелната политичка состојба во земјава

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, денеска имал средба со амбасадорката на Германија во Скопје, Кристине Алтхаузер, на која било разговарано за политичката состојба во земјава по изборите.

„Беше разгледана политичката состојба во земјата, за која претседателот Величковски оцени дека фокусот треба да биде ставен на оспособувањето и на веродостојноста на институциите по изборите од 11 декември“, стои во соопштението од ЛП за средбата.