Видео Вељаноски го распушти Собранието, избори на 5 јуни

Вељаноски го распушти Собранието, избори на 5 јуни

Спикерот Трајко Вељаноски вечерва го распушти Собранието без да ги изгласа оставките на техничките министри и на дополнителните заменици министри од редовите на СДСМ.

На седницата не беа присутни пратениците од опозицијата. Вељаноски им се заблагодари на сите колеги и им посака среќа.

– Поминавме тешки премрежиња, но во овој мандат имавме многу успеси. На сите ви посакувам среќа на личен и на професионален план – рече Вељаноски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со громогласен аплауз го поздравија говорот на Вељаноски.

Спикерот Вељаноски има право во наредните 10 дена да ги распише предвремените парламентарни избори кои би се одржале на 5 јуни.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави прес-конференција на која ќе го соопшти ставот на СДСМ.