Дописници Вечерва, промоција на книгата „Иконите на Дичо Зограф од црквите во Дебар...

Вечерва, промоција на книгата „Иконите на Дичо Зограф од црквите во Дебар и Мала Река“

Вечерва, од 20 часот, на Научната и уметничката визита 2015, ќе биде промовирана книгата „Иконите на Дичо Зограф од црквите во Дебар и Мала Река“ на д-р Сашо Цветковски.

Трудот на д-р Цветковски, ќе го промовира академик Цветан Грозданов, еден од врвните византолози на Балканот.

Промоцијата ќе се одржи во Куќата на Уранија, на истиот простор на кој за утре е закажана промоцијата на книгата „Македонската глаголица“ од академик Ѓеорѓи Поп-Атанасов.

Во рамките на оваа промоција ќе биде презентиран и илустративен приказ на мапата на глаголицата од авторите Фехим Хусковиќ и Трајче Блажевски.