Македонија Вечерва ќе се прска против загадениот воздух

Вечерва ќе се прска против загадениот воздух

Вечерва во 20 часот ќе продолжи третирањето на сообраќајниците со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, најавија од Град Скопје.

„Со средството калциум магнезиум ацетат ќе се прскаат булеварот Свети Климент Охридски и улиците Свети Кирил и Методиј и Јордан Мијалков, во центарот на градот, како и дел од булеварите Србија и Трета македонска бригада во Аеродром. Прскањето вечерва ќе почне во 20 часот и ќе се одвива кога тоа го дозволува температурата на воздухот“, пишува во соопштението на Градот.

Оттаму информираат дека брзината на сообраќајниците каде што ќе се аплицира средството калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри на час, поради можна појава на лизгавост на коловозот. На улиците е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.