Македонија Веб-страницата на Собранието со целосно функционална верзија на албански јазик

Веб-страницата на Собранието со целосно функционална верзија на албански јазик

Неколку дена откако беше изгласан Законот за употреба на јазиците, веб-страницата на Собранието има и целосно функционална албанска верзија, како и верзии на англиски и на француски, пишува „Порталб“.

Иако и претходно имаше албанска верзија на собраниската веб-страница, многу од содржините од македонската верзија ги немаше и на албански.

Веб-страницата на претседателот на државата Ѓорге Иванов е со македонска и англиска верзија.

На прашањето од „Порталб“, од Владата неофицијално одговориле дека се очекува наскоро и на нивната веб-страница да профункционира верзијата на албански.