Дописници „Вдиши театар“ во Охрид

„Вдиши театар“ во Охрид

Од вечерва, со почеток во 20.30 часот, во Охрид ќе се одржува годинешниот Аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“.

Манифестацијата ќе биде свечено отворена во предворјето на црквата Св. Софија, со театарската претстава „Фортуна“, работена по истоимениот расказ од Живко Чинго, во изведба на аматерската актерска група на младите волонтери на Црвен крст од Охрид.

Охриѓани, но и гостите, се до 4. јуни ќе имаат можност да уживаат во актерските вештини на младите актери-аматери, кои заедно со режисерите, текстописците, сценографите својата креативност и талент ќе ги изразат преку театарски претстави, упатувајќи силни хумани пораки.

„И оваа година очекуваме охриѓани да го покажат својот интерес за театарската мисла и со своето присуство на претставите, да им оддадат признание за посветеноста и ентузијазмот на младите талентирани волонтери-актери“ порачуваат организаторите.