Свет Балкан Варуфакис: Грција нема да излезе од еврозоната

Варуфакис: Грција нема да излезе од еврозоната

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, изјави дека е исклучено излегувањето на Грција од еврозоната затоа што тоа не би било разумно решение на должничката криза, а во интервјуто за германските медиуми рече дека реконструкцијата на долгот е единствениот пат напред.

„Го исклучуваме „грегзит“ како разумно решение – рече Варуфакис, говорејќи за можното излегување на Грција од еврозоната.

Преговорите на Грција и на нејзините доверители се прекинати без да се постигне договор откако разговорите во текот на викендов не успеаја да ги доближат спротиставените ставови на двете страни за грчките реформи и за замената за финансиската помош.

Варуфакис вели дека верува оти е можно побргу да постигне договор со доверителите.