Спорт Вардар загуби од Ренова со убедливи 3-0

Вардар загуби од Ренова со убедливи 3-0

Работнички со победата над Брегалница му се приближи на лидерот Вардар на само три бода разлика

Лидерот на табелата на македонскаta прва фудбалска лига, Вардар, денеска на гостувањето во Тетово загуби од тимот на Ренова со убедливи 3-0.

Работнички на арената „Филип Втори“ ја совлада екипата на Брегалница и сега заостанува само три бода во однос на Вардар. Во последното коло од есенскиот дел на првенството се среќаваат токму Вардар и Работнички. Вардар може да остане без титулата есенски шампион, доколку загуби од Работнички со два гола разлика.

Во останатите мечеви од 16. коло на македонска прва фудбалска лига, утре играат: Металург-Хоризонт Турново, Тетекс-Пелистер и Силекс-Шкендија.