Економија „Ван Хол“ започна со изградба на втора фабрика во Бунарџик

„Ван Хол“ започна со изградба на втора фабрика во Бунарџик

Белгиската компанија „Ван Хол“ започна со изградбата на втората фабрика во технолошко-индустриската зона Бунарџик 2.

Изградбата на фабриката ќе се одвива во три фази, а вкупната инвестиција ќе чини 17 милиони евра.

Во фабриката во која ќе се произведуваат автобуси за американскиот пазар планирани се околу 400 вработувања.