Македонија Вајгл денеска ќе се сретне со лидерите на политичките партии и со...

Вајгл денеска ќе се сретне со лидерите на политичките партии и со Катица Јанева

Eвропратеникот Иво Вајгл, кој е известувач за Македонија во Европскиот парламент и посредник во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за надминување на политичката криза во земјава, денеска ќе допатува во Скопје.

Тој ќе има одвоени средби со лидерите на политичките партии, но и со специјалната обвинителка Катица Јанева.

Неговата посета е со намера да се информира за текот на преговорите за спроведувањето на Договорот од Пржино.