Свет Европа Вагнер станува клучна компонента на украинската кампања, вели британското разузнавање

Вагнер станува клучна компонента на украинската кампања, вели британското разузнавање

Фото: The image was posted by chief39 on Pixabay

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство го изготви новиот брифинг за разузнавачките информации за она што се случува во Украина и истиот се фокусира на платеничката група Вагнер, пренесува „Гардијан“.

Во извештајот, меѓу другото, се вели дека„ речиси е сигурно дека групата сега командува со до 50.000 борци во Украина и стана клучна компонента на украинската кампања“.

Британското министерство за одбрана вели дека Вагнер доживеала извонредно брз развој, наведувајќи дека Евгениј Пригожин признал дека го основал Вагнер во септември 2022 година, додека во октомври отворил седиште во Санкт Петербург.

Се наведува дека паравоената група формално била регистрирана како правен субјект на 27 декември, според рускиот државен регистар. Како основна дејност групата назначила „консултации за менаџмент“, без да се споменат борбени служби.

Британското разузнавање вели дека Пригожин веројатно ја финансирал организацијата делумно со надуени владини договори доделени на неговите други компании.

„Регистрацијата најверојатно има за цел да ја максимизира комерцијалната добивка на Пригожин и дополнително да ја легитимира организацијата со сè повисок профил“, се наведува во извештајот на британското разузнавање.