Македонија В петок продолжува судењето за „Диво Насеље“

В петок продолжува судењето за „Диво Насеље“

В петок, во 10 часот, во големата сала на Врховниот суд ќе продолжи рочиштето за „Диво Насеље“, соопштија од Основниот суд Скопје 1.

„Заради зголемен интерес од страна на медиумите и на јавноста за судењето поврзано со случувањата во кумановско Диво Насеље, ве информираме дека распитот на заштитените сведоци, кое согласно ЗКП се одвиваше на нејавна седница, е завршен и главната расправа продолжува в петок во 10 часот, во големата сала на Врховниот суд на Р. Македонија со доказна постапка и со присуство на јавноста“, пишува во соопштението на судот.