Македонија В.Д. заменик-помошникот државен секретар на САД Палмер во Македонија

В.Д. заменик-помошникот државен секретар на САД Палмер во Македонија

Метју Палмер, Вршител на должноста (В.Д.) Заменик-помошник Државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе ја посети Република Македонија од 1 до 3 август, за да ја искаже поддршката на САД за Договорот од Преспа што земјата го постигна со Грција, како и за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ, соопшти амбасадата на САД во Македонија.

При посетата Палмер ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и со лидери на политички партии.

Тој ќе учествува на прославата на Илинден во Крушево и ќе се сретне со официјални претставници на локалните власти надвор од Скопје.