Ctrl - Z АРТ Утревечер концерт во Филхармонија на пијанистите Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар...

Утревечер концерт во Филхармонија на пијанистите Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар Макариевски

На програмата се дела од Жан Крас, Расим Рамазанов, Стив Рајх/Д.Боукоувалас и од македонските композитори Бете Илин и Дамјан Темков

Извор на фотографија: Национална филхармонија

Утревечер во Камерната сала на Филхармонија концерт ќе одржи пијано трио “30 прсти“. Во триото свират пијанистите Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар Макариевски. На програмата се дела од Жан Крас, Расим Рамазанов, Стив Рајх/Д.Боукоувалас и од македонските композитори Бете Илин и Дамјан Темков.

Вршкова реализирала повеќе од 50 светки премиерни изведби на солистички и камерни дела, не само од македонски туку и од странски автори. Настапувала во голем број земји, а е дел од меѓународни музички манифестации. Моментно работи како вонреден професор на ФМУ Скопје. Ангелова Христов, пак, е добитник е на бројни државни и меѓународни награди. Била учесник на меѓународни мастер класи кај познати пијано педагози, настапува како солист и камерен музичар низ Македонија.

Петар Макариевски, настапува и во Македонија и со македнската филхармонија. Во 2005 година со Весна Ангелова го формираат камерното дуо пијано. Работел на повеќе места, а од 2019 година е уметнички соработник пијанист на ФДУ во Скопје.