Свет Европа Утре вонреден самит на ЕУ посветен на Грција

Утре вонреден самит на ЕУ посветен на Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд за утре свикаа вонреден самит на Европската унија, посветен на Грција.

Двајцата лидери се договориле дека одлуката на грчкиот народ мора да се почитува.

За исходот од референдумот, Оланд и Меркел денеска ќе разговараат во Париз.

Во текот на денешниот ден, вонреден состанок со најблиските советници и со клучните министри во владата ќе одржи и британскиот премиер Дејвид Камерон.