Македонија Утре почнува расправата за Законот за јазиците во Комисијата за европски прашања

Утре почнува расправата за Законот за јазиците во Комисијата за европски прашања

Со почеток во 11 часот, утре во Собранието на Република Македонија, Комисијата за европски прашања ќе ја одржи 6-тата седница. На дневниот ред единствена точка е предлог-законот за употреба на јазиците, во второ читање.

Оваа седница за законот за јазиците првично беше закажана за 22 ноември, Денот на албанската азбука, но претседателот на комисијата, Артан Груби, ја одложи. Тој рече дека тоа го сторил за да не се дефокусира јавноста од итните прашања.

Иако Груби негираше поврзаност, таквиот потег уследи откако еврокомесарот Јоханес Хан при посетата на Скопје изјави дека владата треба да се фокусира на приоритетните реформи за кои ќе биде оценувана и дека законот за јазиците не е во Договорот од Пржино, ниту, пак, е нешто кое Брисел го бара.