fbpx

Хан: Законот за јазиците не е дел од Договорот од Пржино и ЕУ не го бара

-

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска во Скопје оцени дека законот за јазиците е разумно барање, но дека властите треба направат приоритети и да се фокусираат на областите за кои ќе добијат позитивни оцени според постигнувањата.

– Ако законот за јазиците се усвои во следните неколку недели, врз основа на препораките на Венецијанската комисија, тогаш е во ред. Но, тоа што сега е важно е Владата и другите фактори во земјата да се фокусираат на законите и на условите во земјата кои се релевантни за позитивна препорака. Законот за јазици не дел од тоа што е договорено во Пржино – рече Хан, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го коментира носењето на законот.

Тој рече дека во Брисел се посветени и се залагаат за носење на ваков закон, но дека сега треба да им се даде приоритет на националните интереси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...