Свет Балкан Уставните промени за поголема власт на Ердоган одат во турскиот парламент

Уставните промени за поголема власт на Ердоган одат во турскиот парламент

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска соопшти дека владејачката Партија на правдата и развојот завршила со работата на уставните предлог-промени со кои во државата треба да биде воведена извршна претседателска власт, јавуваат светските агенции.

Јилдирим во говор на затворањето на дводневната партиска конференција во западната покраина Афјон рекол дека партијата е подготвена предлог-законите да ги поднесе во парламентот.

Според критичарите, со новите уставни промени актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе добие преголема моќ во своите раце.

Турскиот премиер на почетокот на оваа недела соопшти дека неговата влада е за тоа да се одржи рефендум во врска со предложените уставни промени независно од тоа дали тие ќе добијат поддршка од парламентот или не.

За промена на турскиот устав потребни се најмалку 367 пратеници од вкупно 550, колку што брои турскиот парламент.

Владејачката Партија на правото и правдата, чиј основач е Ердоган, а чиј актуелен претседател е премиерот Јилдирим, во моментов во парламентот има 317 пратеници.

За уставната реформа да оди на референдум, потребна е поддршката од 330 пратеници.