Дописници Успех на македонските учесници на Вториот светски куп за боречки вештини во...

Успех на македонските учесници на Вториот светски куп за боречки вештини во Сер

Младите борачи од битолската академија за боречки вештини „За-нед-до“ постигнаа одличен успех и освоија 38 медали на Вториот светски куп за боречки вештини кој викендов  се одржа во Сер.

На Вториот светски куп за боречки вештини учествуваа 30 држави, меѓу кои и Македонија.

Членовите на битолската академија за боречки вештини постигнаа успеси во различни категории и освоија 28 златни медали, девет сребрени и еден бронзен медал.