Економија Уште сто македонски компании ќе соработуваат со Кина

Уште сто македонски компании ќе соработуваат со Кина

Компаниите во најголем дел се од секторите трговија, градежништво и индустрија

Во рамки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), се приклучија 100 нови компании како дел од „Асоцијација за трговија и деловни односи“ кои работат со Народна Република Кина, соопшти ССК.

Компаниите во најголем дел се од секторите трговија, градежништво и индустрија, а  дел се од секторските комори на ССК.

– Придобивките за компаниите-членки на „Асоцијацијата за трговија и деловни односи со Народна Република Кина“ во ССК се бројни. Имено, токму компаниите од секторите градежништво, трговија и индустрија, остваруваат најголема соработка со кинеските компании. Во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија, ќе работиме на поедноставување на визната процедура за компаниите и бизнисмените од двете земји. Почнати се активности за соработка и веруваме дека во следниот период ќе ги интензивираме деловните односи со НР Кина – изјави Данела Арсовска, претседателка на ССК.