Македонија Уште 225 нови случаи на заразени со ковид-19, вкупниот број во земјава...

Уште 225 нови случаи на заразени со ковид-19, вкупниот број во земјава надмина 19.000

Infectious Diseases and Febrile Conditions Clinic in Skopje. Photo: Arbnora Mehmeti, Meta.mk

Во последните 24 часа се направени 1.841 тестирања и регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-120, Куманово-10, Штип-8, Прилеп-15, Тетово-17, Струга-6, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-1, Гевгелија-3, Струмица-13, Крива Паланка-2, Кочани-6, Пробиштип-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1, информираат од Министерството за здравство.

Скопје и натаму има најголем број (1.005) на активни случаи, од кои најмногу се лоцираат во Аеродром (173), Центар (171), Карпош (147), Кисела Вода (116) и Гази баба (114).

Од Министерството за здравство соопштија дека во болнички услови починати се 8 лица, два пациенти од Скопје (75г. и 68г.), три пациенти од Гостивар (82, 68 и 65г.), од Кочани (69г.), од Струга (78г.) и Струмица (64г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје-56, Куманово-13, Прилеп-10, Тетово-10, Струга-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-14, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-14, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-2, Делчево-1, Свети Николе-4, Кичево-7, Неготино-1.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. Нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 47 пациенти.

Во болницата во Козле нема хоспитализирани позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 189, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.096, а бројката на оздравени пациенти е 15.645. Починаа 768 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.683.