Македонија Љупчо Николовски е нов генерален секретар на СДСМ

Љупчо Николовски е нов генерален секретар на СДСМ

Љупчо Николовски е новиот генерален секретар на СДСМ, информираше синоќа премиерот Зоран Заев по одржувањето на Централниот одбор, во рамките на кој беа направени смените во партијата.

„Љупчо Николовски нема повеќе да биде министер на Министерството за земјоделство, шумарство и  водостопанство. Тој е еден од поуспешните министри во нашата Влада. Тоа го знаат граѓаните со сите реформи, со сите мерки со сите повисоки цели во земјоделието, новите пласмани кои што ги отворивме. Прави еден чекор назад, се враќа назад во партијата, за да може да помогне“, рече Заев.

Николовски се заблагодари за довербата дадена од Заев и рече дека ќе работи заедно со новото раководство на СДСМ, со новиот Извршен одбор и потпретседателите кои ќе бидат назначени во следните неколку недели, но ќе го црпи искуството од претходниците.