Македонија УНИЦЕФ Македонија спроведе проекти во вредност од повеќе од 13 милиони евра

УНИЦЕФ Македонија спроведе проекти во вредност од повеќе од 13 милиони евра

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Бенџамин Перкс.

– Во соработка со државните институции, граѓанското општество, но и експерти, УНИЦЕФ направи многу за подобрување на животот на многу деца во земјата, особено за најранливите категории. За тоа сме благодарни како земја, но сакам да ви ја искажам и мојата искрена лична благодарност – изјави Османи.

Тој ја нагласи и поддршката и улогата на УНИЦЕФ за време на мигрантската криза, преку обезбедување помош за децата и за мигрантите што минуваат низ Македонија, водејќи сметка за нивните основни потреби, како храна, вода, облека, хигиенски објекти.

Османи додал дека аспирациите на Македонија за членство во Европската Унија се темелат токму на прифаќањето и на имплементацијата на европските вредности, како што е заштитата и унапредувањето на правата на децата.

Од 1993 година, кога почнува со работа, УНИЦЕФ Македонија спроведе проекти наменети за децата во вредност од повеќе од 13 милиони евра.