Свет Европа „Уникредит“ укинува 18.200 работни места

„Уникредит“ укинува 18.200 работни места

Италијанската банкарска група „Уникредит“, една од најголемите кредитни институции во ЕУ, ќе укине 18.200 работни места и ќе затвори 800 филијали во Италија, Германија, Австрија и во Украина до крајот на 2018 година, соопштуваат од банката.

Овие мерки ќе бидат преземени во рамките на новиот финансиски план, кој предвидува заштеда од 1,6 милијарди евра, со намалување на бројот на вработени, но и во редуцирање на други административни трошоци.

Околу 6.000 работни места ќе бидат укинати во Украина, каде што филијалите ќе бидат затворени. Другите намалувања се однесуваат на филијалите во Италија, Германија и во Австрија.

„Уникредит“ е водечка европска комерцијална банка со меѓународна мрежа која покрива 50 пазари, со повеќе од 7.000 филијали и со 126.000 вработени.