Свет Европа УНХЦР бара дополнителни 30,5 милиони долари за бегалците

УНХЦР бара дополнителни 30,5 милиони долари за бегалците

Агенција на ОН за бегалци побара дополнителни 30,5 милиони долари до крајот на годината, со итен апел за финансиска помош за справување со европската бегалска криза.

Апелот на УНХЦР доаѓа во време кога агенцијата на ОН најави доаѓање преку Средоземно Море на околу 400.000 нови луѓе кои бараат заштита во Европа, а следната година е можен бран од 450.000 бегалци.

Средствата би биле додаток на буџетот од 800 милиони евра за 2015 и за 2016 година за помош во справувањето со бегалците во Европа.

Планот е фокусиран на 12 земји: Белгија, Босна и Херцеговина, Грција, Италија, Кипар, Македонија, Малта, Србија, Турција, Унгарија, Франција и Шпанија.

УНХЦР годинава регистрирала 322.500 преминувања преку Средоземно Море, од кои половина се на бегалци од Сирија.