Свет Балкан Унгарска војска на границата со Хрватска, во Словенија влегле 2.000 мигранти

Унгарска војска на границата со Хрватска, во Словенија влегле 2.000 мигранти

Бегалската криза се заострува во Хрватска, Словенија и во Унгарија. Од почетокот на кризата до вчера, во Хрватска влегле 21.000 мигранти, но во меѓувреме, голем број од нив и ја напуштиле државата.

Австрија се заканува дека бегалците ќе ги врати во Словенија, каде од Хрватска досега поминале повеќе од 2.000 бегалци.

Словенечките медиуми јавуваат дека германската канцеларка Ангела Меркел ја повикала Хрватска да не испраќа повеќе бегалци.

Унгарската војска се стационирала на границата со Хрватска, а конвој воени возила има и долж пограничните подрачја.