Свет Европа Унгарија во 2015 година примила 110.000 барања за азил

Унгарија во 2015 година примила 110.000 барања за азил

Шефицата на унгарската имиграциона канцеларија, Зузана Вег, изјави дека таа земја во 2015 година примила 110.000 барања за азил. Како што наведе таа, тоа зголемување било причината владата да почне со изградба на ограда на границата со Србија.

Според нејзините зборови, регистрираните баратели на азил се упатуваат во еден унгарски центар за бегалци, каде чекаат одлука на нивното барање, но поголем дел од нив ја напуштаат земјата и се упатуваат кон други одредишта пред да се донесе решение за нивниот случај.

Вег за државното унгарско радио изјавила дека досега засолниште пронашле 4.500 бегалци и дека центрите ги дуплирале своите нормални капацитети.

Потпаролот за бегалци на ОН во Централна Европа, Барбар Балох, рекол дека бројот на семејствата со мали деца помеѓу бегалците е во пораст.

Оградата на границата со Србија, во должина од 175 километри, чија изградба почна минатата недела, треба да биде завршена до 31 август.