Свет Унгарија: Приведени 880 илегални мигранти од Косово

Унгарија: Приведени 880 илегални мигранти од Косово

Унгарската полиција во текот на вчерашниот ден привела 937 мигранти кои илегално ја преминале српско-унгарската граница.

Како што јавуваат локалните медиуми, 880 од имигрантите се косовски Албанци, додека останатите се Авганистанци, Конгоанци, Сиријци и по еден жител на Гана и на Нигерија.

Во последните три дена унгарската полиција привела повеќе од 2.000 илегални мигранти, од кои повеќето се жители на Косово.