Свет Балкан Унгарија: Покренати 5.335 постапки против илегални имигранти

Унгарија: Покренати 5.335 постапки против илегални имигранти

Унгарската полиција соопшти дека во текот на претходните денови покренала 5.335 постапки против илегални имигранти.

Како што се наведува во соопштението на полицијата, 110 постапки се покренати во пограничниот дел со Србија, а другите на пограничниот појас со Хрватска.

Во Унгарија, според властите, од почетокот на годинава до вчера на полноќ, во земјата се регистрирани 280.742 илегални минувања на границата.