Свет Европа Унгарија нема да постави бодликава жица на границата со Словенија

Унгарија нема да постави бодликава жица на границата со Словенија

Бодликавата жица од делот на границата со Словенија денеска ја отстрани унгарското Министерство за внатрешни работи.

Министерството посочи дека топовите со бодликава жица биле поставени претходно вчера, единствено и исклучиво експериментално, но подоцна биле отстранети.

За разлика од Србија и од Хрватска, каде Унгарија постави четириметарска ограда за да го спречи влегувањето на нелегалните мигранти, Словенија е членка на Шенген-зоната.

Портпаролот на унгарската влада, Золтан Ковач, вчера изјави дека оградата на словенечката граница треба да го блокира споредниот пат на имигрантите, кои се обидуваат да ја избегнат оградата на унгарската граница со Србија и со Хрватска.