Свет Балкан Унгарија ќе ја обжали одлуката на ЕК за релокација на мигрантите

Унгарија ќе ја обжали одлуката на ЕК за релокација на мигрантите

Унгарија денеска до Европскиот суд за правда ќе поднесе жалба поради обврзувачката одлука на Европската комисија за релокација на бегалци на унгарска територија, соопшти унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан истакна дека квотите за релокација на бегалците придонеле за ширење на тероризмот во Европа.

ЕУ воведе механизам на квоти за прераспределба на 120.000 баратели на азил во нејзините 28 членки.

Европската комисија кон средината на октомври ја одбија анализата на Чешка, според која механизмот за прераспределба на бегалците не е во согласност со европските закони и ѝ порача на Прага дека ако земјата ги одбие квотите, може да ја тужи ЕУ на суд.