Свет Европа Унгарија ќе ангажира илјадници полицајци на границата со Србија

Унгарија ќе ангажира илјадници полицајци на границата со Србија

Лазар Јанош, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер денеска информираше дека поради контрола на миграцијата, владата одлучила да ангажира неколку илјадници полицијци долж границата со Србија.

Пограничните единици ќе работат заедно со полициските сили.

Јанош информираше и дека унгарската влада побарала од пратеничките групи на владејачката коалиција да покренат постапка за закажување на вонредна седница на Парламентот на која ќе се расправа за амандман од кривичниот законик, а кој се однесува на илегалната миграција.