Македонија Унгарија ја заврши оградата од бодликава жица на границата со Србија

Унгарија ја заврши оградата од бодликава жица на границата со Србија

Заврши поставување на бариерата од бодликава жица во должина од 175 километри, долж границата со Србија, соопштија унгарските власти. Жицата е поставена за да го спречи преминувањето на мигрантите на нејзина територија.

Ова го соопшти министерството за одбрана, кое додаде дека зад бодликавата жица, армијата гради и 4 метра високата ограда.

Унгарија која е земја членка на Европската Унија и на Шенген зона пресретна 140 илјади мигранти кои доаѓаат од воени зони од Блискиот Исток и Африка.