Македонија Умерено облачно и топло време денеска

Умерено облачно и топло време денеска

Времето денеска ќе биде сончево, со умерена облачност и со умерен ветер од западен и југозападен правец и релативно високи температури.

Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, претежно во планинските подрачја.

Дневната температура ќе достигне од 18 до релативно високи 27 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево време, со умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер.

Температурата ќе се движи од 9 до 24 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде стабилно и суво, а в четврток попладне и в петок повторно ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат без поголеми промени.