Свет Балкан Украл трамвај во Загреб, го возел 1,5 километри и го оставил

Украл трамвај во Загреб, го возел 1,5 километри и го оставил

Трамвајот бил украден од последната станица во загрепската населба Љубљаница

Фото: Suradnik13 - Own work, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=3528044

Непознато лице во средата вечер успеало да украде трамвај во Загреб, да го вози еден и пол километар по трамвајската мрежа, а откога стигнало на посакуваната станица, да го остави и да побегне во непознат правец, информираат хрватската полиција.

Полицијата во Загреб добила пријава за украдениот трамвај во средата во 23:15 часот. Трамвајот бил украден од последната станица во населбата Љубљаница. Од полицијата известија дека немало патници за време на кражбата на трамвајот, освен непознатото лице кое управувало со возилото.

Хрватската полиција ги прегледува видео записите од трамвајот за да го утврди идентитетот на лицето. Од јавното претпријатие ЗЕТ-Загреб информираат дека трамвајот не бил оштетен, при што тие допрва ќе утврдуваат кој е одговорен за пропустот кој довел до кражба на трамвајот.