Свет Европа Украинските пратеници собраа потписи за гласање доверба на владата

Украинските пратеници собраа потписи за гласање доверба на владата

Пратениците на украинскиот парламент собрале околу 150 потписи, неопходни за гласање доверба на владата на премиерот Арсениј Јацењук, соопштија двајца членови на парламентот.

Украинското собрание во моментот се подготвува за дебата за ефикасноста на владата.

Еден од пратениците е член на фракцијата на претседателот Петро Порошенко, која е најголема во парламентот, а другиот е независен пратеник.

Лидерот на фракцијата на Порошенко, Јури Лутченко, претходно рече дека ќе го поддржи гласањето дека работата на владата е „незадоволителна“, што би можело да биде вовед во падот на кабинетот Јацењук и во распишување предвремени избори.

Украинскиот парламент, Врховната рада, има 450 пратеници.