Свет Европа Украинскиот граѓански сектор преку иновации се бори против дезинформациите на Кремљ

Украинскиот граѓански сектор преку иновации се бори против дезинформациите на Кремљ

„Украина се покажа како моќна контратежа на агресијата од Кремљ, вклучувајќи важни иновации во сферата на информациите. Невладиниот сектор служеше како катализатор за успесите на Украина“, вели Кристофер Вокер, потпретседател на одделот за Студии и анализи на НЕД

Фото: NED.org

Една година од почетокот на руската воена инвазија, Украина стана водечка земја во спротивставувањето на измамата од индустриски размери на Кремљ, стои во новиот извештај објавен од Меѓународниот форум за демократски студии на Националната фондација за демократија (НЕД) од САД.

Потпирајќи се на десетици интервјуа и низа состаноци со експерти од цела Европа, „Заштита на демократијата: Адаптации на граѓанското општество на дезинформациите за Украина од Кремљ“ испитува како клучните прилагодувања на граѓанските организации ѝ помагаат на Украина да се спротивстави на пропагандата на Кремљ со која се оправдува неиспровоцираната воена инвазија.

Во авторство на Галина Петренко од „Детектор медија“, Веронија Вичова од Центарот за европски вредности и безбедносна политика, како и Адам Фивенсон од Меѓународниот форум, извештајот идентификува клучни предности, длабоки подготовки, отворени мрежи на соработка, и активно користење на новите технологии, кои што ѝ помогнаа на Украина да ја раскаже својата приказна и да изгради отпорност.

„Украина се покажа како моќна контратежа на агресијата од Кремљ, вклучувајќи важни иновации во сферата на информациите. Невладиниот сектор служеше како катализатор за успесите на Украина“, вели Кристофер Вокер, потпретседател на одделот за Студии и анализи на НЕД.

„Светот има многу што да научи од украинските партнери, кои се водечки во реакцијата на променливата закана што ја претставуваат корозивните амбиции на Кремљ во доменот на информациите“, додава Вокер.

Националната фондација за демократија (НЕД) е незавсна, непрофитна, фондација посветена на развој и зајакнување на демократските институции во светот. Со годишна дозвола од Конгресот на САД, НЕД доделува повеќе од 2000 грантови во 100 земји од светот.