Свет Европа Украина ја проби руската одбрана во Херсонскиот регион, ослободени нови територии

Украина ја проби руската одбрана во Херсонскиот регион, ослободени нови територии

Фото: Архива, кабинет на украинскиот претседател

Украинската војска ослободи нови територии во окупираните региони од Русија. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека се ослободени населени места во неколку региони, јавува Би-би-си. Во Херсонскиот регион украинските војници успеале да ја пробијат руската одбрана и да навлезат до 30 километри на југ до градот Дудчани, којшто е лоциран на реката Днипро. Про-руските власти во Херсон го потврдија пробивот на украинската војска.

Би-би-си пренесува дека за можно ослободување на Дудчани од руска окупација, но и за обидот на два украински батаљони да продрат до хидроелектраната Какховка на реката Днипро, во чија непосредна близина се наоѓа и градот Нова Какховка.

Украинските власти информираат дека во изминативе 24 часа убиле 87 руски војници, уништиле 31 тенк и 27 други воени возила, а заробиле и два тенка, пренесува Укринформ.

Покрај во Херсонскиот регион, украинската војска напредува и во Луганскиот регион. Откако во саботата го зазедоа стратешки важниот град Лиман, Украинците се пробиваат кон окупираните градови Кремена и Сватове, пренесува Би-би-си.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до јавноста рече дека меѓу убиените руски окупанти веќе може да се забележат лица кои биле вклучени во војската пред само една или две недели. Тој тврди дека на руската команда им требаат нови трупи за воените дејствија кои ќе ги заменат загинатите лица, пренесува Укринформ.

„Никој од оние што сега беа испратени во војна после криминалната мобилизација ќе биде во можност да објасни: која е поентата за ова за него лично? Зошто тој треба да си го ризикува животот?“, изјави претседателот Зеленски.