Економија УЈП апелира пресметките за бруто-плата фирмите да ги доставуваат електронски

УЈП апелира пресметките за бруто-плата фирмите да ги доставуваат електронски

Управата за јавни приходи (УЈП) апелира до фирмите пресметките за бруто-плата да ги доставуваат преку електронска прошта, за да не доцнат со исплатата на платите.

Оттаму појаснуваат дека мал дел од фимите не поднесуваат пресметки за бруто-плата електронски, туку ги носат на шалтерите во Управата.

– Оттаму апелираат и овој мал број обврзници да ги поднесуваат пресметките за бруто-плата преку електронска пошта celaplata@ujp.gov.mk, со што ќе заштедат време и трошоци, односно нема да имаат потреба да доаѓаат на шалтерите на УЈП – се вели во соопштението на УЈП.