Македонија УХМР: Врнежите од снег вечерва ќе престануваат, но ќе биде многу студено

УХМР: Врнежите од снег вечерва ќе престануваат, но ќе биде многу студено

Врнежите од снег во текот на вечерните часови постепено ќе престануваат, а температурата ќе биде во интервал од минус 10 до минус 2 Целзиусови степени, информираат од УХМР.

Попладне времето во Македонија ќе се задржи облачно, студено и ветровито, со локални врнежи од снег со слаб интензитет.

Во Скопје ќе биде облачно, со повремен слаб снег и со умерен до засилен северен ветер.Температурата ќе биде околу минус 7 Целзиусови степени.

Најмногу снег има на Маврово (83 сантиметри), потоа во Пожаране (68 сантиметри), Лазарополе (53 сантиметри), Дебар (33 сантиметри), Тетово (30 сантиметри), а во Скопје снежната покривка достигна 18 сантиметри.