Македонија УЧК презема одговорност за гранатирањето на Владата

УЧК презема одговорност за гранатирањето на Владата

Паравоената Ослободителна народна армија, во јавноста попозната како УЧК, ја презема одговорноста за гранатирањето на Владата што се случи во петокот вечерта, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“.

Според весникот, соопштението со кое се презема одговорност е потпишано од засега непознат командант Куштрими.

Досега Владата беше погодена со три гранати во два засебни напади.

Од полицијата велат дека двата напади се случиле од ист правец, а во инцидентите немаше повредени.