Дописници Убиство во Тетово

Убиство во Тетово

Педесет и петгодишен жител на Тетово го убил својот две години помлад брат, така што го нападнал со нож и му нанел неколку смртоносни повреди. На физичкиот напад и на убиството им претходела вербална расправија меѓу браќата.

Телото на 53-годишниот маж во Клиничката болница во Тетово било донесено околу 13 часот. Лекарите ја констатирале смртта со неколку убодни рани во градниот кош.

Напаѓачот сам се пријавил во полиција и го признал делотo. Во моментов екипи на СВР Тетово и јавен обвинител вршат увид на местото, каде е пронајден ножот со кој е извршен нападот.

З.Д.