Свет Убиени четворица напаѓачи во Јордан

Убиени четворица напаѓачи во Јордан

Јорданските безбедносни сили соопштија дека се убиени четворица напаѓачи на југот на Јордан, откако во Карак убија 10 лица, а ранија 27.

Безбедносните сили наведоа дека со тоа е завршена операцијата против „терористите злосторници“ во Карак, 20 километри од Аман, туристичка дестинација позната по една од најголемите тврдини од христијанскиот период.

Тие додадоа дека заплениле оружје, големo количество експлозив и самоубиствени појаси.

Во нападот се убиени седум полицајци, двајца цивили и една канадска државјанка.

Јордан е главниот член на коалицијата предводена од САД, која се бори против Исламска држава во соседна Сирија.