Свет Убиени 22 милитанти во Алжир

Убиени 22 милитанти во Алжир

Најмалку 22 милитанти поврзани со Исламска држава се убиени во нападот на алжирските војници, соопшти алжирското Министерство за одбрана.

Војниците им поставиле заседа на милитантите во моментот кога имале состанок источно од главниот град Алжир, во близина на местото Буира. Регионот е познат како упориште на милитантите.

– Ова е најголема антитерористичка операција, најголема според бројот на убиените милитанти – соопшти неименуван безбедносен извор, кој додава дека мета биле припадниците на одредот „Војници на калифатот“, кој е подгрупа на Ал каеда.