Свет Убиени 20 индиски војници

Убиени 20 индиски војници

Во напад од заседа на воен конвој на североистокот на Индија, бунтовниците убиле најмалку 20 и раниле повеќе од десет војници, соопшти денеска индиската полиција.

Конвојот возила е нападнат на патот од гратчето Импала, кој е главен град на државата Манипур.

Во индиската држава Манипур, која се граничи со Мјанмар, се активни неколку милитантни групации. Засега ниту една не ја презела одговорноста за нападот.