Свет Свет Убиени 16 милитанти на североистокот на Сирија

Убиени 16 милитанти на североистокот на Сирија

Најмалку 16 милитанти, меѓу кои и еден висок претставник на сирискиот разгранок на Ал каеда, фронтот Ал нусра, се убиени во воздушните напади на североистокот на Сирија, соопшти сириската опозициска Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Опсерваторијата наведе дека се повредени повеќе од 60 лица во нападот на воениот аеродром „Абу Духир“, во провинцијата Иблиб, и додаде дека не се знае дали нападите ги извеле сириските сили, руската авијација или меѓународната коалиција предводена од САД, која напаѓа позиции на милитантите во Сирија.

Фронтот Ал нусра и другите фракции на почетокот на септември 2015 година го зазедоа воениот аеродром „Абу Духур“.