Свет Убиени 21 хуманитарец во Јемен

Убиени 21 хуманитарец во Јемен

Во воздушен напад на бегалски камп во Јемен се убиени 21 хуманитарен работник, јавуваат светските медиуми.

Како што соопшти еден јеменски претставник, целта на воздушниот напад бил воен објект кој се наоѓал во близина на бегалскиот камп.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во Јемен врши воздушни напади врз проиранската милиција на Хутите и на воените единици што се во сојуз со неа.

Силите напредуваат кон југот на Јемен и кон пристаништето Аден, последното упориште на јеменскиот претседател Абд-Раби Мансум Хади.