Свет Балкан Уапсени тројца осомничени терористи на Косово

Уапсени тројца осомничени терористи на Косово

Косовската полиција соопшти дека уапсила три лица под сомневање дека се инволвирани во кривично дело, а сервисот на „Радио Слободна Европа“ на српски јазик, повикувајќи се на неименувани полициски извори, јавува дека станува збор за осомничени терористи.

Портпаролот на косовската полиција, Баки Келани, изјави дека три лица се уапсени утринава на патот Приштина – Гњилане.

– Косовската полиција уапси три лица осомничени за вмешаност во одредени кривични дела. Осомничените поседувале две возила, црвен „фолксваген голф“ и црвен „пасат“ – рече Келани.
Осомничените се приведени, а возилата се одземени.