Хроника Уапсени прилепчани барани со потерница

Уапсени прилепчани барани со потерница

Тројца прилепчани по кои имало распишанa потерница за издржување затворски казни, деновиве се уапсени и спроведени во затвор, соопшти МВР.

Наредбите за приведување на тројцата криминалци биле издадени од прилепскиот Основен суд.

Во првиот случај лисици на рацете му се ставени на Диме А. (31), кој се бара поради издржување тримесечна затворска казна, и по потврдувањето на идентитетот тој бил спроведен во локалниот затвор. Емран М. (25) кој бил осуден на девет месеци затвор и Иле К. (43) кој имал уште седум месеци до крајот на казната се спроведени во најголемиот затвор во државата – „Идризово“.